Охридско ѓомлезе, комат, питулици, макало, домашна ракија, вино, сирење и кашкавал пробуваа гостите на манифестацијата „Вкусете го Охрид – локално“, која се одржа во центарот на Охрид. За настанот имаше голем интерес од охриѓани, домашните и странските туристи, кои се распрашуваа за потеклото на производите.
„Сите специјалитети се приготвени на традиционален начин. И годинава, нашата порака е: ‘Ние сме она што го јадеме‘“, рекоа од ‘Слоу фуд Охрид“, кој настанот го организира по третпат.
„Настанот беше можност да ја промовираме храната што генетски ја препознаваме, да ги измериме капацитетите на ‘бавната’ храна, наспроти трендот на брза и неквалитетна храна“, додадоа организаторите.
М. ЏАРОВСКА