ЈЕЛЕНА РОЗГА НА КОНЦЕРТОТ ВО ОХРИД НА 29 ЈУЛИ ЌЕ ПРОМОВИРА НОВА ПЕСНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватската поп-ѕвезда Јелена Розга ќе одржи концерт во Охрид на 29 јули од 21 часот во Античкиот театар, објави приодукцијата „Евентум“.

Розга во Охрид ќе ја промовира и новата песна „Љуби ме“, која неодамна премиерно ја претстави на фестивалот „Мелодии на Јадранот“ во нејзиниот роден град Сплит.

„Возбудена сум што новата песна ќе ја отпеам и пред публиката во Македонија. Охрид има посебна енергија и едвај чекам да видам како луѓето ќе ја почувствуваат. Минатогодишниот концерт никогаш нема да го заборавам и сигурна сум дека и ова лето нè очекува уште едно прекрасно дружење. Се одлучив за оваа побрза и модерна песна во која верував од почетокот“, рече Розга.

Концертот во Охрид е дел од нејзината летна концертна турнеја, а билетите се во продажба преку e-ticket.mk

 

Фото: Розга со фановите на ланскиот концерт во Охрид