19-ГОДИШНАТА ЅВЕЗДА НА „ЧУДНИ НЕШТА“, МИЛИ БОБИ БРАУН, СЕ СВРШИ СО СИНОТ НА ЏОН БОН ЏОВИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)
Jake Bongiovi (L) and British actress Millie Bobby Brown arrive for the premiere of Netflix's "Enola Holmes 2" at The Paris Theatre in New York City on October 27, 2022. (Photo by ANGELA WEISS / AFP)

Младата ѕвезда на серијата „Чудни нешта“, Мили Боби Браун, објави дека се свршила со своето момче Џејк Бонџови, со кого е во врска две и пол години. Дваесетгодишниот Бонџови исто така е актер и син на пејачот Џон Бон Џови.

Те сакам веќе три лета, ги сакам сите“, напиша 19-годишната Браун на Инстаграм.

Браун и Бонџови потврдија дека се во врска во јуни 2021.

Таа имаше само 12 години кога излезе првата сезона на „Чудни нешта“ и потоа стана една од најголемите детски ѕвезди во Холивуд. За улогата што ја прослави двапати беше номинирана за Еми.

(Фото: АФП)