Изложба на олдтајмери се одржа во Реонскиот парк во скопската населба Ѓорче Петров во рамките на манифестацијата „Денови на Општина Ѓорче Петров“. Посетителите видоа шеесетина возила стари над 40 години кои го задржале изгледот од минатиот век.
Здружението на олдтајмери „Класик мини” обедини неколку клубови од Србија, Бугарија, Хрватска и Косово, кои со своите автомобили дојдоа во Скопје. Меѓу поатрактивните возила на настанот беа „фиат балила“ од 1932, „форд конзул“, кој дојде од Параќин, Србија и „мерцедес понтон“ од 1959, кој пристигна од Осиек, Хрватска.
На 4 септември од 18:30 часот ќе се одржи манифестацијата Ден на семејството, со концерт за поддршка на палијативни пациенти. На 5 септември е настанот „Сите сме исти – инклузија преку културата“, Концертот „Звуците на традицијата“ ќе се одржи на 15 септември, а на 18 септември заеднички концерт ќе имаат Мијата, Даниел Дан, „Брас брадрс“ и „Куку леле“.