АДРИЈАНА ЛИМА ОБЈАВИ ДЕКА СЕ ОМАЖИЛА ПО ВТОРПАТ

Лос Анџелес, (Пипл)

Адријана Лима објави дека се омажила за својот партнер Андре Лемерс. Четириесет и тригодишната бразилска манекенка ја сподели среќната вест на Инстаграм, објавувајќи фотографија од венчалните прстени.

„И официјално госпоѓа Лима Лемерс, односно Лимерс“, напиша таа.

Лима и Лемерс (43) ја почнале врската на почетокот на 2021 и првпат се појавија заедно во јавност на Венецискиот филмски фестивал. Тие добија син во август 2022.

Лима порано беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ, со кого има две ќерки, кои сега имаат 12 и девет години.