Холивудската актерка Дениз Ричардс во новата сезона на серијата „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“ (The Real Housewives of Beverly Hills) пие чај „Good Nature“, кој го произведува „Алкалоид“. Една од улогите по кои е позната Ричардс е „Светот не е доволен“ (The World Is Not Enough) од серијалот филмови за Џејмс Бонд.
Во десеттата епизода од актуелната 13. сезона на серијата, Кристал Кунг Минкоф на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот „Good Nature“.
„Само оваа епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознат дома и во светот“, велат од „Алкалоид“.
Како производител на чаеви, „Алкалоид“ е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, првин преку соработката со „АВЕДА“, членка на групацијата „Есте Лаудер“, а потоа и со пласманот на своето портфолио „Good Nature“ во 2010. Во 2020, „Good Nature“ доби признание за еден од своите производи, чајот „Good Nature Healthy Heart“, кој се најде на листата на „Амазон“ како еден од најдобро продаваните производи.