АКТЕРКАТА ЕЛЕН ПЕЈЏ СТАНА ЕЛИОТ ПЕЈЏ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Канадската актерка Елен Пејџ објави дека е трансродова личност и отсега ќе се идентификува како Елиот Пејџ.

„Не можам да опишам колку е неверојатно чувството конечно да можам да го сакам она што сум јас и да бидам вистинскиот јас. Ми се допаѓа што сум трансродова личност, ми се допаѓа што сум квир“, напиша тој на Твитер.

Пејџ (33) се здоби со меѓународно признание со улогата на бремена тинејџерка во филмот „Џуно“ од 2007 година, за која доби номинација за оскар за најдобра актерка, а моментално е актуелна со хит серија на „Нетфликс“, „Академијата Амбрела“.

Во 2014 година јавно објави дека е геј и во меѓувреме се венчаше со кореографката Ема Портнер.