Американската актерка Ема Робертс го чека првото дете со своето момче Гарет Хедлунд, кој исто така е актер. Дваесет и деветгодишната ѕвезда на серијата „Американска хорор приказна“ ја потврди веста со серија фотографии на Инстаграм.
„Јас и моите двајца омилени дечки“, напиша Робертс под една од сликите, навестувајќи дека ќе имаат син.
Ема Робертс потекнува од актерско семејство. Меѓу оние кои јавно ѝ честитаа беше и нејзината тетка, оскаровката Џулија Робертс, чиј брат Ерик е татко на Ема.
Робертс и Хедлунд ја почнаа врската во почетокот на 2019, набргу откако таа ја раскина свршувачката со колегата од „Американска хорор приказна“ Еван Питерс.