ЕД ШИРАН ДОБИ ЌЕРКА И ЈА КРСТИ АНТАРКТИКА

Лондон, (Би-Би-Си)

Ед Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн објавија дека го добија првото дете.

„Ние сме на седмо небо откако нашата ќеркичка дојде на овој свет минатата недела. Апсолутно сме вљубени во неа“, напиша Ширан на Инстаграм во својата прва објава од декември.

Тие открија дека името на бебето е Лира Антарктика.

Ширан и Сиборн се заедно уште од основно училиште, а се венчале пред Божиќ 2018 година, што пејачот го потврди дури неколку месеци подоцна.

Ширан за Нова година објави дека ќе земе пауза од музиката откако претходно две и пол години непрекинато беше на турнеја.