Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми вчера го одигра 400. натпревар во дресот на Динамо Загреб и стана само втор фудбалер на кого му успеало тоа. Пред него е само легендарниот голман Дражен Ладиќ со 468 настапи.
Роден во Шибеник, Адеми му се придружи на Динамо во 2010 и откако не доби вистинска шанса во хрватската репрезентација, во 2014 ја прифати поканата да го облече дресот на Македонија. Минатата година замина да игра во Кина, но по само шест месеци се врати во Динамо.
Триесет и двегодишниот Адеми е и најтрофејниот играч во историјата на Динамо со 22 освоени титули.
(Фото: Пиксел)