Поп ѕвездата Аријана Гранде со серија фотографии на Инстаграм објави дека се свршила со нејзиното момче Далтон Гомез, агент за луксузни недвижности. Холивудските медиуми пренесуваат дека двојката е во врска од јануари.
27-годишната Гранде минатиот месец го објави новиот албум „Positions“, а денеска „Нетфликс“ ќе го прикаже филмот за нејзината светска турнеја „Sweetener“.
Гранде во 2018 беше свршена со актерот и комичар Пит Дејвидсон.