Наспроти сите извештаи за проблеми во нивниот брак, првиот концерт од заедничката турнеја на Бијонсе и Џеј Зи изгледаше како двочасовно изразување љубов.

Тие отпеаја повеќе од 40 хитови на концертот во Кардиф и цело време флертуваа, се задеваа и се држеа за раце, дури и кога светлата не беа насочени кон нив.

Бијонсе и Џеј Зи на концертот ги покажаа и близнаците Руми и Сир

Иако од листата песни не беа исфрлени оние во коишто се зборува за неверството на Џеј Зи, а кои се најдоа на албумот на Бијонсе „Лимонада“, целиот концерт беше една голема порака на љубов и исцелување.

Во еден момент, на големиот екран беше прикажана снимка како Бијонсе и Џеј Зи ги обновуваат брачните завети, во друштвото на шестгодишната ќерка Блу Ајви и 11-месечните близнаци Руми и Сир.

Минатиот месец, тие ја одбележаа десетгодишнината од бракот, кој имал и тешки моменти, откако Џеј Зи неодамна призна дека ја изневерил Бијонсе, но успеале да го пребродат тоа.

Двете аренби суперѕвезди ќе одржат серија концерти во Европа, пред да се вратат во Северна Америка во јули.