Фотокнига од 19-годишната музичка ѕвезда Били Ајлиш ќе излезе во мај. Станува збор за издание со стотици фотографии кои досега не се објавени во јавност, најави издавачот „Гран сентрал“.

Книгата е насловена „Били Ајлиш“ и според издавачот, „ќе ја долови суштината на Били однатре и однадвор и на читателите ќе им даде поглед во нејзиното детство, нејзиниот живот на турнеја и многу повеќе“.

„Изминативе месеци со часови ги прелистував семејните албуми и архиви, лично бирајќи ги сите слики од оваа книга. Се надевам дека ќе уживате исто колку и јас“, изјави Ајлиш.

Таа и нејзиниот брат се автори на носечката тема за новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“.