БИВШИОТ ШЕФ НА ФОРМУЛА 1 БЕРНИ ЕКЛСТОУН ЧЕКА ДЕТЕ НА 89 ГОДИНИ

Лондон, (Дејли мејл)

Берни Еклстоун, некогаш најмоќниот човек во Формула 1, објави дека чека ново дете на 89 години.

„Тој е млад во душа и има неверојатна енергија“, кажа неговата 35-годишна ќерка Тамара Еклстоун.

Британскиот бизнисмен и бивш извршен шеф на Ф-1 има три ќерки од претходните два брака, од кои највозрасната Дебора има 65 години. Тамара и Петра (31) ги доби во бракот со Славица Радиќ.

Во 2012, тој се сврши со Бразилката Фабијана Флоси, која е 47 години помлада од него. Нивното прво дете треба да се роди неколку недели пред Еклстоун да го прослави 90. роденден во октомври.