БОУВИ ЌЕ ДОБИЕ СВОЈ МУЗЕЈ ВО ЛОНДОН ВО 2025, ЌЕ СОДРЖИ НАД 80.000 ПРЕДМЕТИ

Лондон, (Ројтерс)

Лондонскиот Музеј на Викторија и Алберт објави дека ја обезбедил архивата на Дејвид Боуви, која содржи повеќе од 80.000 предмети од неговата кариера, што ќе стане достапно за јавност од 2025 година.

Музејот, кој ја организираше фалената изложба ‚Дејвид Боуви е“ во 2013, ќе го отвори Центарот за проучување на изведувачката уметност на Дејвид Боуви во источен Лондон, каде што фановите, учениците и истражувачите ќе можат да добијат увид во креативниот процес на славниот британски музичар.

Архивата содржи рачно пишувани стихови, скици, писма, костими, сценски реквизити и инструменти, како и интимни написи и нереализирани проекти, од кои повеќето досега не се видени во јавност. Ќе бидат изложени и 70.000 фотографии, принтови, слајдови и негативи.

„Архивата е фасцинантна, ги следи животот и кариерата на Боуви низ неговата уметност. Таа дава увид во креативниот процес што стоеше зад неговите песни, спотови и сценски настапи“, вели Кејт Бејли, кураторка и продуцентка во Музејот на Викторија и Алберт.

(Фото: АФП)