Британецот Бен Кумбс поминал 32.000 километри со својот спортски автомобил, за да исполни необична мисија – посета на пабови.
Триесет и осумгодишниот Кумбс од Плимут возел низ 21 држава на три континенти, при што почетната точка му бил најсеверниот паб на светот, што се наоѓа на норвешкиот остров Свалбард, а завршил во најјужниот – во Чиле. За да го оствари предизвикот, му требале седум месеци.
Тој дошол на идеја за ваква авантура додека пиел пиво во паб во Дартмур и првата дестинација му била напуштената рударска населба Пирамиден, каде што сега живеат само четворица.

„Да се пронајде најсеверниот паб беше лесна истражувачка работа. Пирамиден се наоѓа илјада километри од Северниот Пол и тоа е најсеверното постојано населено живеалиште на Земјата. Таму има само еден бар, сместен во стар хотел“, вели Кумбс.
Иако постојат барови и на Антарктик, тие се наоѓаат во бази, па само вработените имаат пристап. Затоа тој ја побарал најјужната населба надвор од овој континент, што е селото Пуерто Вилијамс во Чиле.
На своето патешествите, тој пиел пиво и во Њујорк, па возел низ САД до Калифорнија, по што преминал во Мексико.
„Средна Америка брзо ја поминав, а откако преку Панама стигнав до Колумбија, потоа ми останаа уште 12.800 километри за да стигнам до последниот бар“, вели Кумбс, кој дошол во Пуерто Вилијамс на 12 февруари.