Британецот Бен Мелхалм постави Гинисов рекорд откако посети 42 музеи за помалку од 12 часа. Тој стана рекордер во категоријата „најмногу посетени музеи за 24 часа“, но го заврши тоа за помалку од половина од тоа време.
Лани во октомври, Мелхалм (42) ја почнал рутата од источен Лондон, од Музејот на Кралското фармацевтско друштво во 9:03 часот, а завршил во Кралската академија на уметностите во централен Лондон во 19:58 часот, стои во соопштението од Гинисовата книга на рекорди.
Во меѓувреме посетил уште 40 музеи, вклучувајќи ги Природонаучниот музеј, Лондонската кула и Британскиот музеј.
Мелхалм рече дека бил инспириран за овој подвиг откако заедно со своите деца ја прочитал Гинисовата книга на рекорди.
„Музеите во Лондон содржат милиони предмети. Секоj од нив ви дава шанса да се поврзете со одредена точка во времето, одредена личност или чудо на природата“, рече тој.
(Фото: Гинисова книга на рекорди)