Румер Вилис, ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, зборуваше за здравјето на нејзиниот татко, кој на 19 март наполни 70 години.
„Тој е одлично, ви благодарам што ме прашавте. Ве молам да му честитате роденден“, кажа ќерката на Вилис.
Во 2022 беше објавено дека Брус Вилис ќе ја заврши својата повеќедецениска кариера во Холивуд поради когнитивни проблеми, откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување на мозокот што влијае на комуникацијата. Следната година, неговото семејство рече дека неговата точна дијагноза е фронтотемпорална деменција, прогресивна состојба на мозокот.
Вчера неговата сопруга Ема Хеминг и другите две ќерки Талула и Скаут исто така имаа објави на Инстаграм за роденденот на Брус Вилис. Хеминг ја сподели фотографијата од нејзиниот сопруг од филмот „Умри машки“ што претходно ја објави Талула Вилис, која напиша дека „било привилегија да сведочат на сите ликови што Брус Вилис ги играл низ годините“.
„Со години црвенеев кога луѓето би го дознале моето целосно име, но јас сум прилично горда што сум Талула Бел Вилис“, кажа ќерката на актерот.
Скаут му посака среќен роденден на „најголемиот на сите времиња“ на нејзината страница на Инстаграм.
„Им благодарам на боговите што 50% од мојата ДНК се од него“, рече Скаут Вилис.
(Фото: Шатерсток)