ДА, И ЏОРЏ КЛУНИ ИМА ТРЕМА, РЕЧЕ АКТЕРОТ ПРЕД ДЕБИТО НА БРОДВЕЈ

Њујорк, (Ројтерс)

Славниот актер Џорџ Клуни откри дека има трема пред театарското деби на Бродвеј, во претставата „Добра ноќ и со среќа“ (Good Night, and Good Luck). Двократниот оскаровец вели дека нема играно во театарска претстава од 1986 и чувството му е застрашувачко.

„Да, Џорџ Клуни има трема“, рече тој во Њујорк.

Клуни е коавтор на претставата и ја игра главната улога. Претставата е адаптација на истоимениот филм на Клуни од 2005 за легендарниот водител Едвард Р. Мароу и неговиот конфликт со сенаторот Џозеф Макарти. Филмот имаше шест номинации за Оскар, меѓу кои и за најдобар филм.

„Забавниот дел е што може да направите претстава за темата што е многу блиску до срцето и ја кажува вистината“, рече Клуни.

Претставата ќе почне да игра на 12 март.

(Фото: Бродвеј)