„Да си славен на социјалните мрежи не е исто со тоа да си моќен“, вели британската глумица Ерин Доерти, најпозната по улогата на принцезата Ана во ТВ-серијата „Круна“ и новата хит-серија на „Нетфликс“, „Адолесценција“.
Доерти глуми психолог во серијата која ги прикажува последиците од убиството на тинејџерка со нож, за што е уапсено 13-годишно момче од нејзиното училиште.
„Навреме направив чекор назад од социјалните мрежи. Направив чекор назад од тоа многу рано бидејќи можев, за среќа, да препознаам колку тој свет може да биде зависен и сеопфатен. И така, тоа ме преплаши. Имам 11-годишен брат. Тој ги гледа моите профили на социјалните мрежи и вели: ‘колку многу следбеници имаш’. Јас секогаш му велам: ‘Тие луѓе не се вистински. Немам поим кои се тие. Јас како Ерин веројатно имам околу тројца пријатели. Онлајн славата не е еднаква на моќ“, вели глумицата во интервју за „Индипендент“.