ДЕДО МИ МОРАЛ ДА ИЗБЕГА ОД ГРЦИЈА ВО СИРИЈА И ЗАТОА МИ Е ВАЖНО ДА ИМ ПОМАГАМ НА БЕГАЛЦИТЕ, ВЕЛИ АКТЕРОТ ТЕО ЏЕЈМС, АМБАСАДОР НА УНХЦР

Лондон, (Ројтерс)

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации УНХЦР го именуваше британскиот актер Тео Џејмс за глобален амбасадор на добра волја.

Џејмс, ѕвезда на ТВ-сериите „Џентлмен“ и „Белиот лотос“, го поддржува УНХЦР од 2016 и патуваше во Грција, Франција и Јордан за да се сретне со баратели на азил и бегалци, соопшти агенцијата.

Трисет и деветгодишниот Џејмс рече дека искуството на неговото семејство придонело да има разбирање за жртвите и борбите со кои се соочуваат бегалците.

„За време на Втората светска војна, дедо ми бил принуден да побегне со мал брод од Грција во Сирија, а неговата храброст и издржливост ме инспирираа да помогнам да направам разлика во животите на раселените луѓе. На дедо ми му било понудено засолниште од народот во Сирија, што му овозможи да го обнови својот живот како лекар и да му се оддложи на општеството. Затоа е важно за мене да се солидаризирам со бегалците кои избегале од конфликти и да им помогнеме да ги споделат нивните приказни. Никој не избира да стане бегалец. Но, сите ние можеме да избереме како да одговориме на луѓето на кои им треба засолниште, чии животи зависат од тоа“, рече Џејмс.

Фото: УНХЦР