ДЕЈВИД АТЕНБОРО НАПОЛНИ 98 ГОДИНИ И СÈ УШТЕ СО ЗАДОВОЛСТВО ЛАЗИ НИЗ ТРЕВА ЗА ДА ДОБИЕ ДОБРА СНИМКА

Лондон, (Скај)

Иако денеска наполни 98 години, сер Дејвид Атерборо и натаму е човек кој со задоволство лази низ влажна трева за да добие добра снимка.

За својот последен проект насловен „Тајниот свет на звуците“, омилениот светски природонаучник и документарист ги истражуваше начините на кои што животните слушаат и произведуваат звуци, користејќи најсовремена технологија за да снима звуци од природата.

Дејвид сите нѐ држи активни. Тој ја поставува границата многу високо и тоа е добро. Мислам дека тој сѐ уште работи најнапорно од сите нас, најчесто седум дена во неделата. Кога тој ќе се посвети на нешто, дава 100%“, изјави Шамила Чудури, продуцентка и долгогодишна соработничка на Атенборо.

Атенборо на едно од последните снимања (Фото: Скај)

На последните снимања, тој лазеше низ тревата за да ја добие најдобрата позиција, но не сакавме да го оставиме да лежи така со часови“, додаде таа.

Атенборо го посвети својот живот на конзерваторството и во ТВ-кариерата долга речиси седум децении беше автор и водител на стотици серии и емисии за природата. Ако некогаш посакате да ги изгледате сите негови документарци, ќе ви требаат над 46.000 часови.

Иако во десеттата деценија од животот, Атенборо и натаму неуморно снима неверојатни документарци, што го има однесено до најскриените делови на светот. За него се вели дека е човек кој најмногу пропатувал во историјата, со исклучок на астронаутите.

(Фото: Би-Би-Си)