„ДЕМОНИ“ НА ДЕЈАН ПРОЈКОВСКИ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА НА СЕЗОНАТА ВО УНГАРСКИОТ ГРАД ДЕБРЕЦИН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Демони“ од Достоевски, во режија на Дејан Пројковски, е прогласена за најдобра претстава на сезоната во Националниот театар во Дебрецин, Унгарија. Таа беше поставена на крајот на април. Сценографијата е на Валентин Светозарев, драматизацијата на Сашо Димоски, а музиката на Горан Трајкоски.

„Навистина ми е драго што ‘Демони’ ја доби оваа престижна награда. Да се работи Достоевски навистина е голем предизвик, а уште поголема чест е да се соработува со прекрасниот ансамбл на театарот во Дебрецин. Беше како
едно патување низ срцето и душата“, изјави Пројковски.

Минатата година, две претстави на Пројковски, „Ана Каренина“ и „Ричард Трети“, беа дел од 10. издание на Светската театарска олимпијада во Унгарија. „Ана Каренина“ досега има освоено над 40 награди и е прогласена за најнаградувана претстава во историјата на Театарот во Нови Сад.