Деветгодишен модел на кој му биле ампутирани двете нозе уште како бебе зеде учество на ревија за време на Модната недела во Њујорк.
Дејзи-Меј Деметре од Бирмингем е првото дете без нозе кое официјално било дел од еден од најпрестижните настани во светот на модата.

„Дејзи беше неверојатна. Сите сме многу горди на неа“, изјави нејзиниот татко Алекс.
Таа носеше креации на францускиот бренд „Лулу ет Жижи“ и следниот месец ќе учествува на ревијата што ќе се одржи на врвот на Ајфелова кула во рамките на Париската модна недела.
Дејзи е родена со фибуларна хемимелија, состојба во која потколеничната коска недостига делумно или во целост. Таа дебитирала како модел лани, а за Модната недела во Њујорк добила покана откако била забележана на Модната недела за деца во Лондон.