ЏЕФ БЕЗОС ЈА НАГРАДИ ДОЛИ ПАРТОН СО 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Основачот на „Амазон“ Џеф Безос ѝ додели награда од 100 милиони долари на кантри ѕвездата и филантроп Доли Партон.

Партон е жена која дава од срце и се води од љубов и сочувство во сите аспекти од својата работа. Едвај чекаме да ги видиме сите добри работи што ќе ги направите со наградата од 100 милиони долари“, изјави партнерката на Безос, Лорен Санчез.

Востановена во 2001 година, Bezos Courage & Civility Award е опишана како награда која им оддава почит на лидерите кои бараат решенија со храброст и учтивост.

Мислам дека луѓето кои се во позиција да помогнат би требало да ги вложат парите таму каде што им е срцето. Ќе дадам сè од себе во правењето добри работи со овие пари“, изјави Партон.

Таа е голем поддржувач на хуманитарни организации, а нејзината фондација „Доливуд“ обезбедува книги за децата низ цел свет.

(Фото: АП)