ЏЕФ БЕЗОС СЕ ЗБОГАТИЛ ЗА РЕКОРДНИ 13 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ЕДЕН ДЕН

Њујорк, (Гардијан)
Blue Origin founder Jeff Bezos speaks after receiving the 2019 International Astronautical Federation (IAF) Excellence in Industry Award during the the 70th International Astronautical Congress at the Walter E. Washington Convention Center in Washington, DC on October 22, 2019. (Photo by MANDEL NGAN / AFP) (Photo by MANDEL NGAN/AFP via Getty Images)

Шефот на „Амазон“ Џеф Безос се збогатил за рекордни 13 милијарди долари во еден ден, објави „Блумберг“, зголемувајќи го своето богатство на 189 милијарди. Колку за споредба, бруто домашниот производ на Македонија во 2019 изнесувал околу 12,6 милијарди долари.

Овој огромен пораст е 30 пати поголем од богатството на кралицата Елизабета Втора, кое изнесува 350 милиони фунти. Истовремено, Безос вреди повеќе од компании како „АстроЗенека“, „Најки“ и „Мекдоналдс“ и има доволно пари да ги купи четирите најголеми банки во Велика Британија. Неговото богатство го надминува бруто домашниот производ на Унгарија, Украина и Катар, а наскоро би можел да ги помине и Грција и Нов Зеланд, кои се на 51. и 52. место на листата на најголемите светски економии.

Безос и „Амазон“ се едни од најголемите добитници на пандемијата на коронавирусот откако милиони луѓе беа принудени да седат дома, свртувајќи се кон нарачувањето преку интернет. И додека голем број бизниси настрадаа во најголемата светска економска криза од 1930-ите, вредноста на акциите на „Амазон“ порасна за 70% од почетокот на годината. Во понеделникот, една акција вредеше 3.197 долари.

Безос, кој го почна бизнисот од својата гаража во 1994 година, сѐ уште поседува 11% од акциите. Од јануари, неговото богатство пораснало за 74 милијарди долари.