ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС ДОНИРАШЕ МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ЛУЃЕТО ПОГОДЕНИ ОД ПОЖАРИТЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

САД, (Вараети)

Џејми Ли Кертис донираше еден милион долари во фонд за помош за заедниците погодени од тековните шумски пожари во областа на Лос Анџелес.

„Додека пожарот сè уште беснее и сите одговорни лица и агенции вклучени во гаснењето и спасувањето животи сè уште работат напорно, а соседите и пријателите се здружуваат за да се спасат едни со други, јас, мојот сопруг и нашите деца дадовме еден милион долари за да се основа фонд за поддршка на нашиот град и луѓето кои живеат таму“, рече актерката.

Кертис зборуваше за разорните пожари во шоуто на Џими Фалон.
„Местото каде што живеам е во пламен во моментов. Гори целaта област Пасифик Палисадс. Сè отиде, па и училиштата во кои одат моите деца. Многу, многу, многу пријатели ги загубија своите домови. Тоа е навистина ужасна ситуација“, рече Кертис.

Донацијата доаѓа додека пожарникарите и спасувачките екипи продолжуваат да се борат со серијата пожари кои предизвикаа хаос во јужна Калифорнија. Забавната индустрија почна да откажува настани во Лос Анџелес, па објавувањето на номинациите за Оскар беше одложено за два дена, за 19 јануари.

(Фото: Гети)