ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И АЛЕКС РОДРИГЕС ПОТВРДИЈА ДЕКА ПРИЈАТЕЛСКИ СЕ РАЗДЕЛИЛЕ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Џенифер Лопез и Алекс Родригес и официјално објавија дека ја раскинале двегодишната свршувачка зашто им било подобро да бидат само пријатели.

„Сфативме дека подобро функционираме како пријатели и ќе го одржуваме тоа. Ќе продолжиме да работиме заедно и да соработуваме во наши заеднички бизниси и проекти“, се вели во соопштението на двојката.

Веста за нивна разделба првпат се појави пред еден месец, кога тие само изјавија дека „средуваат некои работи“.

Лопез и бившата бејзбол ѕвезда беа во врска од 2017, а две години подоцна се свршија. Тие требаше да се венчаат минатата година во Италија, но ги откажаа плановите откако почнаа да се воведуваат коронамерки. Лопез зад себе има три пропаднати брака, додека Родригес се разведе во 2008.