ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС ГО ЧЕКА ПРВОТО ДЕТЕ

Лос Анџелес, (Скај)
Mandatory Credit: Photo by JD Images/Shutterstock (9962058x) Cooke Maroney and Jennifer Lawrence Celebrities at New York Rangers v Buffalo Sabres, NHL ice hockey match, Madison Square Garden, New York, USA - 04 Nov 2018

Оскаровката Џенифер Лоренс го чека првото дете, потврди нејзин претставник. Магазинот „Пипл“ прв ја објави веста дека 31-годишната Лоренс е трудна.

Таа се омажи за дилерот на уметнички дела Куки Маруни (37) во октомври минатата година, а венчавката со 150 гости се одржа во замок во Њупорт. Тие ја почнаа врската во 2018 и се свршија во февруари следната година.

„Знам дека звучи глупаво, но тој е вистинскиот. Тој е најдобрата личност што сум ја запознала во животот и чест ми е да бидам госпоѓа Маруни“, кажа Лоренс по венчавката.