ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС СЕ ОМАЖИ ВО ЗАМОК ПОД СТРОГО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Њупорт, (Дејли мејл)

Оскаровката Џенифер Лоренс и дилерот на уметнички дела Куки Маруни се венчаа во замок во Њупорт, Роуд Ајленд, објави магазинот „Пипл“.

Дваесет и деветгодишната Лоренс носела венчаница на „Диор“ на церемонијата на која што присуствувале околу 150 гости, вклучувајќи и познати лица, како Адел, Ема Стоун, Камерон Дијаз, Сиена Милер, Крис Џенер и Ејми Шумер.

Информациите за венчавката се држеле во тајност до последен момент. Церемонијата се одржала под строго обезбедување, а имотот, инспириран од замокот на Луј 13-ти во Версај, бил заштитен со лажна жива ограда, за да се оневозможи увид однадвор.

Лоренс и Маруни првпат биле видени заедно во јуни 2018, а нејзин претставник потврди дека се свршиле во февруари.