Џими Фелон ја прослави 2000-та епизода на популарното телевизиско шоу „The Tonight Show“.
Комичарот, кој го презеде водењето на хит-шоуто на Ен-Би-Си во 2014, ја прослави јубилејната епизода на 18 јули.
Во чест на значајната епизода, на Фалон (49) му беше врачена торта украсена со логото на шоуто, хоризонтот на Менхетен, неговиот потпис и микрофон.
Водителот, кој ја прослави својата 10-годишнина во шоуто во февруари и екипата на емисијата се сликаа на снимањето на јубилејната емисија.
Во негов стил, ТВ водителот се пошегува, велејќи им на луѓето: „2000 емисии! Го освоивме квантитетот, следниот планински врв е квалитетот“.