ЏО БАЈДЕН ГО ОБЕЛЕЖАА ПЕТ ДЕЦЕНИИ ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА И ЖИВОТНИ ТРАГЕДИИ

Вашингтон, (АП)

Џо Бајден денеска достигна кулминација во својата повеќедецениска политичка кариера откако стана јасно дека ќе биде 46. претседател на САД. Тој ќе го замени Доналд Трамп во Белата куќа откако освои рекорден број гласови во историјата на изборите во САД.

  • Џо Бајден е роден на 20 ноември 1942 во Скрентон (Пенсилванија), со што на инаугурацијата во јануари ќе стане најстариот претседател во историјата на САД.
  • Дипломирал право на Правниот универзитетски колеџ во Сиракуза.
  • Првиот голем успех во политиката го оствари во 1972, кога беше избран за сенатор на Делавер и член на американскиот Сенат остана до 2009 година.
  • Во 1988 и 2008 година имаше неуспешни обиди да стане демократски кандидат за претседател.
  • Од 2009 до 2017 беше потпретседател на САД во двата мандата на Барак Обама, кој го нарече „најдобриот потпретседател што Америка го имала“.
  • Од 1977 е во брак со Џил Џејкобс, професорка по англиски и доктор на науки, со која во 1981 ја доби ќерката Ешли.
  • Животот на Бајден беше исполнет и со трагедии: неговата прва сопруга Нилија загина во сообраќајна несреќа во декември 1972 заедно со едногодишната ќерка Наоми, а синот Бо (46) почина од рак на мозокот во 2015.
  • Бајден во наредните четири години ќе ги води САД заедно со Камала Харис, првата жена на функцијата потпретседател.