ЏО И ЏИЛ БАЈДЕН ТАГУВААТ ПО СМРТТА НА НИВНОТО КУЧЕ ЧЕМП

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден објавија дека угинало нивното куче Чемп, германски овчар кој беше дел од семејството 13 години.

„Нашето семејство го загуби саканиот придружник Чемп. Ќе ни недостига“, напиша Бајден на Твитер.

Чемп беше едно од двете кучиња кои се вселија во Белата куќа откако Бајден стана претседател, покрај другиот германски овчар Мејџор. Тој беше во Вашингтон и додека Бајден беше потпретседател.

За разлика од Чемп, Мејџор имаше проблеми да се навикне на животот во Белата куќа, па откако касна двајца вработени, еден период живееше во Делавер.