ЏОРЏ МАЈКЛ ПОЧИНА ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ, А СÈ УШТЕ ДОНИРА ПАРИ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

Лондон, (Дејли мејл)
BERLIN - FEBRUARY 16: Singer George Michael poses at the "George Michael: A Different Story" Photocall during the 55th annual Berlinale International Film Festival on February 16, 2005 in Berlin, Germany. (Photo by Sean Gallup/Getty Images)

Џорџ Мајкл ја испеа една од најпрепознатливите божиќни поп песни и токму вчера, фановите низ целиот свет одбележаа две години од неговата смрт. Британската поп икона почина од срцев удар на 25 декември 2016, но неговите добротворни активности не запреа со тоа.

Неколку хуманитарни фондации и организации објавија дека во пресрет на Божиќ примиле донација од наследството на Мајкл. Меѓу нив е и Националното здружение за превенција на насилството врз децата.

„Буквално од никаде, дознавме дека Џорџ Мајкл ни оставил значителна сума пари. Многу го цениме тоа“, изјави извор од здружението.

Хуманитарната организација за борба против СИДА од Лос Анџелес, „Проект храна за ангели“, исто така, објави дека добила донација од покојниот пејач.

„Порано добивавме 20.000 фунти годишно од Џорџ. Тоа беше стопирано во меѓувреме, а пред некој ден добивме електронска порака за нова донација. Тоа беше многу магично“, изјави извршниот директор на организацијата, Ричард Ајуб.

Мајкл почнал редовно да ја помага оваа организација во 1993 година, по смртта на неговиот партнер Анселмо Фелепа, кој почина од СИДА на 36 години.