ДОЛГО ВРЕМЕ ПО СНИМАЊЕТО НА „КРУНА“ НЕ МОЖЕВ ДА СЕ ОСЛОБОДАМ ОД МАНИРИТЕ НА ДИЈАНА, ВЕЛИ АКТЕРКАТА ЕЛИЗАБЕТ ДЕБИКИ

Лондон, (Гардијан)

Австралиската актерка Елизабет Дебики изјави дека ѝ било тешко да се ослободи од манирите на принцезата Дијана откако ја глумеше во серијата „Круна“. Таа вели дека уште долго време по завршувањето на снимањето на последната, шеста сезона несвесно ја имитирала Дијана.

Мојот глас малку се промени и морав да се потрудам да го вратам мојот природен глас, исто така и мојот акцент. Правев и доста физички работи, па се фаќав себеси како ја навалувам главата. Некој ми кажа дека така правам кога сакам да убедам луѓе во нешто. Тоа веќе не ми се случува, но морав свесно да се откажам од некои движења“, кажа Дебики во интервјуто за „Пипл“.

Таа ја играше Дијана во последните две сезони на наградуваната серија на „Нетфликс“, за што доби две номинации за Еми. Претходно кажа дека една година истражувала за да се подготви за улогата.

(Фото: Нетфликс)