ДОЛИ ПАРТОН ЈА ПРИМИ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО ЧИЈ РАЗВОЈ ВЛОЖИ МИЛИОН ДОЛАРИ

Нешвил, (Би-Би-Си)

Легендата на кантри музиката Доли Партон се вакцинираше против ковид-19 и тоа со вакцина во чиј развој и самата инвестираше.

Седумдесет и петгодишната Партон ја прими вакцината на американскиот производител „Модерна“, чие развивање го помогна со донацијата од еден милион долари на универзитетскиот медицински центар „Вандербилт“ во Нешвил. Дел од овие пари беа искористени во раната фаза од тестирањето на вакцината, која беше меѓу првите која покажа висока ефективност против ковид-19.

„Јас сум доволно стара и доволно паметна за да се вакцинирам. Не бидете кукавици, излезете и вакцинирајте се“, им порача Партон на своите фанови.