Принцот Хари и Меган Маркл објавија дека нивното второ дете ќе биде девојче, кое треба да се роди ова лето. Тоа беше едно од многуте откритија кои произлегоа од нивното долгоочекувано ТВ-интервју со Опра Винфри, во кое војвотката од Сасекс зборуваше за тешкиот живот во британското кралско семејство, кое го обвини за расизам и непријателски однос.
Хари и Меган, кои од лани живеат во Монтесито, Калифорнија, кажаа дека нивниот 22-месечен син Арчи ќе добие сестричка. Тој ѝ се придружи на Меган во вториот дел од интервјуто со Опра, кога возбудено кажа дека чекаат девојче.
„Беше неверојатно кога дознавме дека е девојче. Син и ќерка, што повеќе можеш да посакаш?“, изјави Хари.
Запрашани дали планираат уште деца, Меган кажа:
„Две се доволно“.
Нивното второ дете нема да носи кралска титула, туку ќе ја ословуваат со лејди.