ДВЕЈН ЏОНСОН ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД Е НАЈСКАПО ПЛАТЕН АКТЕР

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Двејн Џонсон втора година по ред е прогласен за најскапо платен машки актер, објави магазинот „Форбс“. Популарниот Д Рок заработил 87.5 милиони долари од 1 јуни 2019 до 1 јуни 2020, од филмови, како и од неговата линија на фитнес облека.

Според „Форбс“, 10-те најскапо платени актери за последнава година заработиле вкупно 545.5 милиони долари, а повеќе од една чевтртина од таа сума доаѓаат од продукциите на „Нетфликс“.

На второ место е Рајан Рејнолдс, со заработени 71.5 милиони долари, на трето е Марк Волберг со 58 милиони долари, а на четврто и петто се Бен Афлек и Вин Дизел.