ЕД ШИРАН ОБЈАВИ ДЕКА ЈА ДОБИЛ ВТОРАТА ЌЕРКА

Лондон, (Би-Би-Си)

Ед Ширан потврди дека со сопругата Черил Сиборн ја добиле втората ќерка. Триесет и едногодишниот пејач напиша на Инстаграм дека се пресреќни што станале четиричлено семејство.

„Добивме уште едно прекрасно женско бебе. Сите сме вљубени во неа“, кажа Ширан.

Тој и Сиборн ја добија првата ќерка Лира Антарктика во август 2020. Тие се заедно уште од основно училиште, а се венчале пред Божиќ 2018, што пејачот го потврди дури неколку месеци подоцна.