ЕЛЕЈН ТОМПСОН-ХЕРА ОСТАНУВА КРАЛИЦАТА НА СПРИНТОТ, ГО ОДБРАНИ И ЗЛАТОТО НА 200 МЕТРИ

Токио, (АП)

Елејн Томпсон-Хера останува кралицата на спринтот и по Олимписките игри во Токио.

Дваесет и деветгодишната Јамајчанка ја одбрани и олимписката титула на 200 метри, откако во саботата стана втората најбрза жена во историјата со триумфот на двојно пократката делница.

Томпсон-Хера истрча време од 21 секунда и 53 стотинки, што е втор најдобар резултат во историјата во оваа дисциплина. За разлика од трката на 100 метри, олимпискиот рекорд на Флоренс Грифит-Џојнер од 1988 година остана недостижен.

Втора беше 18-годишната Намибијка Кристин Мбома (21:81), а бронзата ја освои Американката Габриел Томас (21:87), со што легендарната Шели-Ен Фрејзер-Прајс остана без медал како четвртопласирана.

Пред пет години во Рио, Томпсон-Хера стана првата жена во последните 28 години која остварила двојна победа во спринтот, а сега е првата која двапати го постигнала тоа.