ЕН ХАТАВЕЈ ОБЈАВИ ДЕКА Е БРЕМЕНА ПО ТЕШКА БОРБА СО НЕПЛОДНОСТА

Њујорк, (Си-Ен-Ен)
attends the LA Art Show and Los Angeles Fine Art Show's 2016 opening night premiere party benefiting St. Jude Children's Research Hospital at Los Angeles Convention Center on January 27, 2016 in Los Angeles, California.

Оскаровката Ен Хатавеј објави дека го чека второто дете, откривајќи дека повторно имала тежок пат до бременоста.

„Бројот два не се однесува на мој нов филм“, се пошегува Хатавеј на Инстаграм, по што се осврна на темата неплодност.

„Шегата настрана, за сите кои поминуваат низ пеколот на неплодноста и зачнувањето, знајте дека двете мои бремености не беа едноставен пат“.

Триесет и шестгодишната американска актерка седум години е во брак со бизнисменот Адам Шулман. Првото дете, синот Џонатан, го добија во 2016.

Хатавеј ретко објавува приватни фотографии на социјалните мрежи и ова е првпат јавно да призна дека имала проблеми со зачнувањето.