АДАМ СЕНДЛЕР Е НАЈПЛАТЕНИОТ АКТЕР ЗА 2023 СО ЗАРАБОТКА ОД 73 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

САД, (Би-Би-Си)

Адам Сендлер е најдобро платениот актер во Холивуд за минатата година, според магазинот „Форбс“. Сендлер продуцираше и глумеше во три филма на „Нетфликс“ во 2023, што придонесе за неговата заработка од 73 милиони долари, објави „Форбс“. Меѓу нив е „Murder Mystery 2“, кој беше петтиот најгледан филм на „Нетфликс“ лани.

Ова е првпат Сендлер да се најде на врвот на листата од 2002 година. Тајлер Пери беше најдобро платен во 2022, а Двејн Џонсон три години по ред пред тоа.

Марго Роби е на второто место со 59 милиони долари, Том Круз е трет со 45 милиони долари, а Рајан Гослинг заработил 43 милиони долари, исто колку и Мет Дејмон. Следуваат Џенифер Анистон со 42 милиони долари, Леонардо ДиКаприо и Џејсон Стејтам со 41 милион, Бен Афлек  со 38 милиони и Дензел Вашингтон со 24 милиони долари.

Фото: Гети