Продолжението на „Аватар“, „Патот на водата“, и официјално ја достигна заработката од една милијарда долари на светско ниво по само две недели прикажување во кината. „Аватар 2“ е само шести филм кој успеал да оствари ваква заработка за така краток период.
До вторникот, „Патот на водата“ имаше заработено 317,1 милион долари во северноамериканските кина, како и 712,7 милиони во остатокот на светот.
Само уште два филма оваа година имаат заработено повеќе од милијарда долари: „Топ ган: Маверик“ и „Светот Јура: Надмоќ“, на кои им требаа 31 ден, односно над четири месеци за тоа.
„Патот на водата“ имаше премиера на 15 декември и во првиот викенд заработи „скромни“ 435 милиони долари. Режисерот Џејмс Камерон кажа дека филмот ќе мора да заработи две милијарди долари за да се подмират сите трошоци.