БИЛИ АЈЛИШ СТАНА НАЈМЛАДАТА ЛИЧНОСТ СО ДВА ОСВОЕНИ ОСКАРА

Лос Анџелес, (АП)

Иако имаше осум номинации, „Барби“ на крајот се закити со само еден Оскар, за најдобра оригинална песна. Тој заврши во рацете на 22-годишната Били Ајлиш и нејзиниот брат Финис О‘Конел за песната „За што бев создадена?“ (What Was I Made For?), со што таа стана најмладата личност која освоила два Оскара.

Ајлиш го собори рекордот на актерката Луиз Рајнер, која ја доби втората статуетка на 28 години во 1938. Рајнер одеднаш падна на третото место, а вториот најмлад двократен оскаровец сега е 26-годишниот О‘Конел.

Двојката Ајлиш-О‘Конел првпат доби Оскар во 2021 за насловната песна од филмот за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ (No Time to Die).

Песната „За што бев создадена?“ претходно освои и Златен глобус и две награди Греми.

(Фото: Вараети)