„Нетфликс“ ги објави првите фотографии од Бредли Купер во улогата на славниот американски композитор и диригент Леонард Бернштајн, на кои малкумина би го препознале. Освен што е во насловната улога, Купер е и режисер на биографскиот филм „Маестро“, кој следува по неговиот голем хит „Ѕвезда е родена“. Сопругата на Бернштајн ја игра Кери Малиган.

Легенда во светот на театарската музика, Бернштајн (1918-1990) ја компонирал музиката за бродвејскиот мјузикл „Приказна од западната страна“.
„Маестро“ треба да излезе следната година и според најавите, ќе се фокусира на сложената 30-годишна љубовна приказна на Леонард и Фелиша.