„ДАМБО“ И ХОРОРОТ „НИЕ“ ОД ДЕНЕСКА ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новата фантастична авантура на Тим Бартон „Дамбо“ и хоророт на оскаровецот Џордан Пил „Ние“ од денеска играат во кината Милениум и Синеплекс.

Римејкот на класикот на Волт Дизни од 1941 година е снимен без ѕвездата на филмот, бидејќи слонот е креиран со помош на компјутерски генерирана слика. Играат: Колин Фарел, Дени ДеВито, Мајкл Китон, Ева Грин и Нико Паркер.

„Чудно беше да се снима филм со сите овие големи актери, а главниот лик да не е присутен“, кажа Бартон.

Оскаровката Лупита Нјонго во хоророт „Ние“

„Ние“, вториот хорор на еден од најжешките нови режисери во Холивуд, ги надмина очекувањата, заработувајќи 70 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето во Северна Америка, односно 87 милиони на глобално ниво. Оскаровката Лупита Нјонго и Винстон Дјук играат сопружници, чие семејство е тероризирано од група зли двојници. Филмот беше направен за 20 милиони долари, со што го повторува успехот на „Бегај“, кој заработи 255,4 милиони долари, 56 пати повеќе од својот буџет.