„ДЕДПУЛ И ВУЛВЕРИН“ ГО СЛАВИ ПРИЈАТЕЛСТВОТО, ВЕЛИ РАЈАН РЕЈНОЛДС ЗА НОВИОТ ФИЛМ

Лондон, (Ројтерс)

Светската промотивна турнеја на „Дедпул и Вулверин“ пристигна во Лондон, во присуство на главните ѕвезди на филмот Рајан Рејнолдс и Хју Џекман, кои ја забавуваа публиката со својот хумор и на претходните станици во Шангај, Сеул и Берлин.

Во третиот филм од серијалот „Дедпул“, на насловниот лик (Рејнолдс) му се придружува Вулверин (Џекмен), кој се враќа од пензија со цел да го спасат светот.

„Ова е приказна за пријателство, а пријателство е друга верзија на љубовна приказна. Има доста моменти во филмот кога е тешко да се каже дали Вулверин му збори на Дедпул, Дедпул на Вулверин или Хју и Рајан зборат еден со друг. И многу сум горд на тие моменти“, изјави Рејнолдс, кој исто така е еден од сценаристите и продуцентите на филмот.

Џекман не планирал повторно да го глуми Вулверин, но почнал да се премислува откако го гледал првиот филм „Дедпул“.

„Навистина мислев дека сум завршил со него, а потоа, пет-шест години подоцна, еднаш додека возев, едноставно почувствував дека сакам да го направам тоа. Знаев дека тоа е нешто што фановите го чекаат, дека тоа ќе биде динамика каква што досега не е видена. Иако веќе имам 55 години, уживав во секоја секунда“, кажа Џекман.

Дејството на филмот, што го режираше Шон Ливи, не е познато. „Дедпул и Вулверин“ доаѓа во кината на 24 јули.