АКТЕРИТЕ РЕЈНОЛДС И МЕКЕЛХЕНИ ЈА ПРЕРАБОТИЈА КУЛТНАТА БОЖИЌНА ПЕСНА ОД „ВЕМ“ И СЕ ОБЛЕКОА КАКО ЏОРЏ МАЈКЛ И ЕНДРЈУ РИЏЛИ

Лондон, (Пипл)

Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени ја преработија песната „Минатиот Божик“ (Last Christmas) од британското поп-дуо „Вем“. Актерите кои заедно го поседуваат англискиот фудбалски клуб Рексам ги стилизираа своите фризури и облека за да личат на членовите на „Вем“.

Џорџ Мајкл и Ендрју Риџли ја испеаја култната празнична песна во 1986 година.

Актерите исто така облекоа кожни јакни за да ја покажат својата верзија на „Вем“ од 1983 година. Мекелхени потоа ги сподели сликите на Инстаграм со познатата празнична песна од „Вем“.