ДЕЈМОН И АФЛЕК ВО НОВ ФИЛМ ЗА СКАНДАЛОТ СО НАГРАДНАТА ИГРА НА „МЕКДОНАЛДС“

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Најдобрите пријатели Мет Дејмон и Бен Афлек повторно ќе работат заедно на филм, овојпат за измамата на еден поранешен полицаец во играта „Монопол на Мекдоналдс“ во 2001 година.

Дејмон ќе го глуми главниот лик Џером Џејкобсон, а Афлек ќе биде режисер. Џејкобсон со група соработници во 2001 година украле, неофицијално, 24 милиони долари преку годишната наградна игра на гигантот за брза храна.

Сценариото, според текстот на новинарот Џеф Мејш, го работат Пол Верник и Рет Рис, кои се автори и на сценариото на блокбастерот „Дедпул“.

Дејството се случува во доцните 90-ти до 2001 година, кога Џејкобсон, познат по прекарот чичко Џери, и неговите соучесници биле фатени во сложена операција на ФБИ, насловена како „Финален одговор“.

Овој филм е само еден од многуте проекти на коишто двајцата актери работеа заедно во текот на годините. Најзначен е „Добриот Вил Хантинг“ од 1997 година, за кој добија Оскар за најдобро сценарио.