ЏЕЈМС КАМЕРОН НА ФИКТИВНИОТ ЈАЗИК ОД „АВАТАР“ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА „ОДМАЗДНИЦИ 4“ ШТО СТАНА БРОЈ ЕДЕН

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Џејмс Камерон и браќата Русо си искажаа меѓусебна почит откако „Одмаздници: завршница“ викендов го надмина „Аватар“ и стана филм со најголема заработка во историјата.

Oel Ngati Kameie, те поздравувам ‘Марвел‘. Честитки за ‘Одмаздници: завршница‘ што стана нов крал на киноблагајните“, напиша Камерон на Твитер, користејќи се со фиктивниот јазик Na’vi, на кој зборуваат жителите на Пандора во „Аватар“.

Четвртиот дел на „Одмаздници“ стигна до заработката од 2,790 милијарди долари на светско ниво и тоа за период од само 13 недели, откако „Аватар“ го држеше овој рекорд цела деценија со 2,7897 милијарди. На третото место е „Титаник“, уште еден филм на Камерон, со 2,2 милијарди.

Џо и Ентони Русо, режисерите на „Завршница“, се пофалија со големиот успех на социјалните мрежи, но не заборавија да му оддадат признание на Камерон.

Џејмс Камерон, вие сте огромната причина што ние се вљубивме во филм. Ви благодариме што секогаш сте нѐ инспирирале и што сте ни покажале што сѐ е можно. Едвај чекаме да видиме што е следно од вас“, се вели во заедничката изјава на браќата Русо.